Бензинот пак галопира кон рекордни 90 денари

Bez autora
Aug 26 2012

Цените на бензините повторно галопираат кон психолошкиот рекорд од околу 90 денари. Регулаторна комисија за енергетика в понеделник треба да донесе одлука за цените на бензините, а неофицијално, според движењата на цените во соседните земји, поскапувањето кај нас нема да биде помало од 2 денара за литар, со што цената на дериватите во земјава пак се враќа на психолошкиот рекорд од околу 90 денари. Инаку, литар „евросупер БС-98“ на почетокот од април годинава достигна рекордни 90,5 денари откако пет месеци претходно Регулаторна постојано ја зголемуваше цената. Граѓаните само накратко воздивнаа од серијата поскапувања на бензините, по што повторно почна растот на цените од средината на минатиот месец.

Бензинот пак галопира кон рекордни 90 денариЦените на бензините повторно галопираат кон психолошкиот рекорд од околу 90 денари.

Регулаторна комисија за енергетика в понеделник треба да донесе одлука за цените на бензините, а неофицијално, според движењата на цените во соседните земји, поскапувањето кај нас нема да биде помало од 2 денара за литар, со што цената на дериватите во земјава пак се враќа на психолошкиот рекорд од околу 90 денари. Инаку, литар „евросупер БС-98“ на почетокот од април годинава достигна рекордни 90,5 денари откако пет месеци претходно Регулаторна постојано ја зголемуваше цената. Граѓаните само накратко воздивнаа од серијата поскапувања на бензините, по што повторно почна растот на цените од средината на минатиот месец.

Познавачите коментираат дека само некаков политички момент може да придонесе за регулаторите да ја променат досегашната практика да го следат трендот на пораст на цените на горивата во регионот.

Регулаторната комисија секогаш има оправдување за скокот на цените на бензините во методологијата за пресметка. Цената се пресметува врз база на три параметри, а досега во случаи само еден од нив да е покачен се носеше одлука за повисоки цени. Без разлика дали станува збор за зголемување на нивото на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходниот четиринаесетдневен период, или растот на просечната цена на сурова нафта, или пак негативните движења на курсот на денарот во однос на доларот. Според познавачите, и овој пат овие параметри одат во полза на Регулаторна, а на штета на граѓаните.

Цената на суровата нафта на светските берзи, која го надмина нивото од 114 долари за барел, кризата во еврозоната и слабеењето на еврото во однос на доларот ги кренаа цените на бензините и на дизелот во Европа. Литар безоловен бензин во Франција и во Италија ја помина психолошката граница од 2 евра. Ова ја принуди француската влада привремено да ги намали акцизите на бензинот и на дизелот и со тоа се олесни позицијата на француските граѓани, кои се притиснати од рецесијата.

Никој во Регулаторна не сака да ја прогнозира новата цена пред да биде објавена одлуката в понеделник.

Ефектите од постојаниот раст на енергентите се видливи и на рафтовите во продавниците. Секојдневните покачувања на основните прехранбени продукти, според најавите, нема да бидат конечни и врвот ќе го достигнат во септември. Иако лани во пресрет на изборите Владата реши да ја намали акцизата, за што додека беше во сила мерката од буџетот беа жртвувани 10 милиони евра, засега нема никакво навестување за тоа.

Образложението е дека цените на нафтата и на нафтените деривати не зависат од земјава, туку се утврдуваат на светските пазари и зависат од понудата во дадениот момент и односот меѓу валутите. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција изјави дека постои определено зголемување на цените на храната и на прехранбените производи, истакнувајќи дека процентот на цените на производите за исхрана доживеа пораст како што немало во последните 27 години.

- Владата ги следи состојбите, прави анализи, а се планираат посебни пакети за антикризни мерки. Планирани се пакети за заштита на компаниите и за поддршка на сите ранливи групи на граѓани, се трудиме да вработиме повеќе невработени граѓани и се обидуваме да ги ублажиме мерките со дополнителни странски инвестиции – изјави портпаролот Ѓорѓиев. И вицепремиерот Зоран Ставревски завчера изјави дека будно ја следат актуелната состојба со покачувањата што се случуваат на светско ниво и кои директно влијаат врз домашниот пазар.

- Загрижува состојбата на светскиот пазар со осетното зголемување на цената на основните прехранбени артикли. Ова секако ќе влијае и ќе има нов бран покачувања. Што се однесува до цената на нафтата и на нафтените деривати, ќе ја диктира пред с` кризата во Блискиот Исток и скокот на доларот во однос на еврото. Владата е загрижена за ваквата состојба и во рамките на своите надлежности презема низа мерки преку отворање нови работни места и социјална програма за да ги ублажи ударите врз животниот стандард на граѓаните - рече тој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik